Министерот за надворешни работи Никола Димитров е убеден дека и Грција има интерес за европска Македонија. На покана на неговиот грчки колега Никос Коѕиас, Димитров наскоро ќе ја посети Атина и вели дека во Грција сака да го претстави новото лице на Македонија, бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, пренесува СДК.
„Работа на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвара врати и перспективи. Бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, сакам прво во Грција да го претставам новото лице на Република Македонија. Убеден сум дека имаме многу заеднички интереси. Убеден сум дека и Грција има интерес за европска Република Македонија“, изјави Димитров за САКАМДАКАЖАМ.МК.