Две девојчиња и една жена исчезнале во текот на вчерашниот ден

by Fokus

Три лица се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.

Според полицијата, Д.Џ.(44) од Скопје пријавила дека на 01 јуни околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка. Исто така, И.З.(37) од Куманово пријавил дека на 01 јуни околу 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна ќерка. Според информации на полицијата, С.С.(46) од селото Чардаклија, Штипско, пријавил дека на 01 јуни од 20 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости