815
– Ставот на државниот врв во 2008 година беше дека доколку на референдум граѓаните се согласат новото име на Македонија да биде Република Македонија (Скопје) и доколку тоа ги одблокира евроатлантските интеграции на државата, тие ќе го прифатат тој предлог, рече Никола Димитров одговарајќи на прашање во дебата на НОВА ТВ, која трае во моментов и преку стрим се емитува на каналот Јутјуб.
Никола Димитров во 2008 година беше преговарач за името во преговорите, кои се под покровителство на Обединетите нации.