Ангелов до МРТ: Казна затвор до 5 години за уредниците

by Фокус

Генералот Стојанче Ангелов, вечерва, повторно влезе во МРТ и остави ЦД со снимките кои ги објавува опозицијата и побара тие да бидат емитувани во информативната програма. Ангелов им порача на уредниците дека ќе одговараат за своите постапки и за тоа што Јавниот сервис работи за „режимот“.

Тој на портирницата им остави и одредби од кривичниот законик и од Уставот, според кој на уредниците им следува од 6 месеци до 5 години затворска казна за злоупотреба на службена положба и за дезинформирање на јавноста.

За ставот на МРТ дека не ги објавувале снимките од „бомбите“ на СДСМ, бидејќи така препорачало Јавното обвинителство, Ангелов рече дека тоа е идиотско тврдење.

-За тоа тврдење ќе добијат казна затвор. Во Македонија нема ни институции, вака не било ни во комунизмот. Судството е партизирано, телевизијата е партизирана, за какви институции зборуваат? Нека ги објават снимките народот да ги чуе или им страв народот да не им влезе во Собрание или во Влада. Ние имаме работа со бесни животни, рече Ангелов.

Поврзани новости