530
Никој од Европската унија досега не побарал ниту најавил дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови. Тоа се лажни вести за манипулација со јавноста, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Често пати ова прашање се злоупотребуваше како можност за манипулација со емоциите на граѓаните“ – порача Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која информираше за усвоениот Стратешки одбранбен преглед, вели Шекеринска.
Документите од владини одлуки кои се шират во јавноста, ги демантираат и од ресорните министерства, објаснувајќи дека станува збор за новинарски спин и извртување на реалноста.