Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако премиерот Димитар Ковачевски изјави дека процесот на уставните измени започна со 70 гласа за изгласување на дневниот ред, а во моментов има 73 пратеници.
„Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и што уште не. Не само што нема уставни измени, и што ВМРО-ДПМНЕ е конзистентно на ставот против уставните измени, туку и пратеници од СДС и коалицијата се против. Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени“, стои во реакцијата.
Од опозициската партија додаваат дека Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак.
„Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, сè што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори“, реагираат од партијата на Христијан Мицкоски.
И Груевски сакаше во чекална, но не отиде во Таџикистан, туку во ЕУ, рече Ковачевски