И Груевски сакаше во чекална, но не отиде во Таџикистан, туку во ЕУ, рече Ковачевски

by Фокус

Некој за лична кариера сака да држи заложник цела држава, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на Сител.

-На Мицкоски му се седи во чекалната на ЕУ, 10, 20, години а тоа многу ме потсетува на неговиот претходник Груевски, кој сакаше да седи во чекалната 10, 20 години, но денеска живее во земја членка на ЕУ. Тој не отиде да живее во Таџикистан. Неговиот претходник отиде да живее во Унгарија. Ако толку не била добра ЕУ зошто отиде во ЕУ? Зошто отиде во земја членка на НАТО – праша Ковачевски.

Тој додде дека 80% од граѓаните сакаат да бидеме дел од ЕУ.

-Добрососедските односи се основа на ЕУ. Ако ги погледнете Германија и Франција, нивната историја знаете што е. Погледнете ја битката на Вердан, битката на Сома па таму имаат изгинато повеќе луѓе отколку што имаат изгинато во било кој друг дел од светот. Денес тие две држави заедно ја водат ЕУ, без разлика кој е власт во тие две држави – изјави премиерот.

Поврзани новости