Ковачевски: Убеден сум во членство во ЕУ до 2030 година!

by Фокус

Процесот на уставните измени само што започна, со 70 гласа за изгласување на дневниот ред, иако некои претпоставуваа дека ќе биде под 65 пратеници, во моментов има 73 пратеници, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител.

Собраниската седница, според него, покажа дека СДСМ и коалицијата се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата.

-Повторно, како што било во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на С. Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО.  Вие се сеќавате дека ние поминавме еден процес на уставни измени и при зачленувањето на НАТО. Благодарение на тој успешен процес, денес сите сме горди што сме земја членка на НАТО особено кога се води воен конфликт во Европа – рече Ковачевски.

Тој додаде дека е убеден дека македонското Собрание има капацитет да донесе уште една стратешка одлука за иднината на земјата.

– Убеден сум дека нашето Собрание има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за граѓаните, пред се за иднината на граѓаните со која што ќе го започнеме отворањето на кластерите, по успешното завршување кое следи на скрининг процесот, веќе првиот извештај за кластерот фундаменти е завршен. И до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ – истакна премиерот.

Поврзани новости