И годинава празникот 11 Октомври во Тетово се одбележа без спомен-бистите на народните херои, кои пред десет години, поради реконструкција на градскиот плоштад беа отстранети.
Од Сојузот на борци, и денеска побараа од градските власти одобрение, бистите на Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчевски Амбарче пак да бидат поставени.
-Немаме никаква одлука ниту пак знаеме како бистите на народните херои се отстранети од градскиот плоштад – им одговорија од Општината.
Претседателот на Сојузот на борци порача дека овој одговор нема да ги обесхрабри и тие повторно ќе бараат од властите „бистите да се вратат онаму каде што припаѓаат”.
Инаку, на денешното чествување на празникот 11 Октомври, годинава не се појави градоначалничката на Тетово Теута Арифи, на што реагираа дел од присутните, жалејќи се од на игнорантскиот однос на градските власти кон чествувањето на државните празници.