Ни трага ни глас за Сеад Кочан

by fokus

Два дена по издавањето наредба за приведување на Сеад Кочан, главен осомничен од СЈО во случајот „Труст”, бизнисменот се уште е во бегство.

Засега нема информации од МВР до каде е потрагата по сопственикот на „Трансмет“ – кој се товари за фалсификување на  документи за добивање на тендер тежок  17 милиони евра, државни пари.

По распишувањето на потерницата, полицијата вчера тргна да го апси бизнисменот, но не го најде на домашната адреса. Дури после тоа, од МВР ја побараа граничкната полиција да ги извести дали Кочан ја напуштил државата, но одговор се уште нема.

Според изворите на Телма и Алсат-М пак, Кочан ја напиштил Македонија уште истата вечер по издавањето на наредбата за апсење. Наредбата за апсење од Основниот суд до МВР заглави цели 24 часа. Потерницата беше издадена во четвртокот, а МВР потрагата ја започна вчера.

Адвокатот на одбраната во случајот „Труст“ Никола Додевски, кој воедно е и адвокат  екс премиерот Никола Груевски во друг случај отворен од СЈО,  нема коментар и вели дека за притворот на Кочан дознал од медиумите.

Инаку, покрај Кочан, во овој предмет осомничен е и Василије Авировиќ, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет”.

 

Поврзани новости