Холанѓаните се фашисти, обвини Ердоган и најави санкции

by fokus

Тие се толку пристрасни, толку плашливи. Тоа се потомци на нацистите, тоа се фашисти- вака ги нарече членовите на холандската влада, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако утрово на турскиот министер Мевлут Чавушоглу не му беше дозволено да слета во Ротердам. Ердоган најави дека на Холандија ќе и возвратат „во иста мера”.

Оваа не е прв настап со остра реторика од страна на Ердоган.Тој претходно ја обвини Германија,за нацистички практики поради повлекување на дозволата за турската кампања за референдумот со кој сака да ги прошири своите претседателски овластувања.

Холандија денеска не му дозволи посета на Чавушоглу од исти причини, односно неговиот настап го оцени како загрозување на безбедноста на јавниот ред и мир.

Чавушоглу во Ротедрам требаше да се обрати на митинг на припадниците на турската заедница, организран од властите во Анкара со цел да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со што треба да се зголеми моќта и овластувањата на Ердоган.

Поврзани новости