Осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, ниту денеска не се појави на собраниската комисија за уставни прашања на која се расправа за четвртиот нацрт амандман поднесен од Владата. Груевски во средата, го одложи рочиштето за предметот „Титаник“, за да присуствува на расправата во Собранието.
За во среда е закажано ново рочиште за случајот за изборни измами на СЈО и е уште една шанса на судскиот доставувач да му ја достави одлуката на Кривичниот совет со која се одбива жалбата на Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна. Доколку Груевски ја прими одлуката ќе треба веднаш да се јави во затворот во Шутка на издржување на казната.
За сега нема ни трага ни глас од почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е се уште недостапен на неговиот телефон, а од партијата велат дека се шпекулација тврдењата дека можеби се вдал во бегство.