Трамп не знае што е Балкан, а што е Балтик

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп ги помешал Балтикот и Балканот во разговор со водачите на Естонија, Летонија и Литванија. Како што пишува „Ле монд“, Трамп во април се состанал со првите луѓе на балтичките земји и ги обвинил дека се одговорни за војната во Југославија.

Лидерите биле збунети кога слушнале за обвинувањата, но брзо сфатиле што се случува. Американскиот претседател, и покрај тоа што има жена Словенка, изгледа нема поим каде се наоѓа Балканот.

Белата куќа засега нема коментар за овие тврдења.

Поврзани новости