„Ни рекоа дека странски новинари ќе ни помогнат насилно да ја преминеме границата“

by Фокус

Бегалците повторно се собираат во кампот во Идомени на грчко-македонската граница откако слушнале дека границата ќе биде со сила отворена, јави Франс прес.

Еден сириски бегалец за атинската агенција изјавил дека шпекулациите што кружат се дека странските новинари и претставниците на Црвениот крст ќе им помогнат на бегалците насилно да ја урнат оградата и да влезат во Македонија.

-Чувме денеска дека границите ќе се отворат и дојдовме да ја поминеме границата. Ни кажаа дека Црвениот крст и 500 новинари од целиот свет ќе бидат со нас, рекол младиот Сириец.

Овие обиди на бегалците за преминување на македонската граница доаѓаат во време кога грчките власти се обидуваат да ги евакуираат 11.600-те бегалци заглавени во илегалниот камп.

Поврзани новости