815
По силното невреме што погоди поголем дел од Србија, пет општини беа принудени да прогласат вонредна состојба.
Циклон од Хрватска пристигна во Србија пред неколку дена, кога започнаа обилни дождови и предизвикаа поплави на повеќе места.
Српскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел на земјата.
Општината Чуприја соопшти дека е прогласена вонредна состојба поради штетата предизвикана од невремето.
Вонредна состојба прогласена е и во општините Петровац на Млави, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, јавуваат српските медиуми.
Целта на воведување на вонредна состојба е да се отстранат последиците од поплавите што е можно поскоро.