Фијат Цаноски се повлекува од лидерската позиција во ПЕИ

by Fokus

Фијат Цаноски си поднесе оставка од лидерската позиција на Партијата за Европска Иднина, дознава „Фокус“.

Тој ја потврди информацијата и нагласи дека пред неколку денови свикал централен одбор на ПЕИ, каде ја поднел оставката од претседател на партијата.

„Оваа политика во изминативе 16 години колку што бев на сцена навистина ме измори. Јас имам 43 години работен стаж. Имам деца, внуци и фамилија на која сакам да им се посветам во наредниот период од мојот живот. Искрено многу повеќе можам и ќе помогнам, ако сум надвор од политиката. Имам вработено преку 400 луѓе во моите компании. Имам одлични проекти кои ќе донесат добробит на целото општество – изјави Цаноски за „Фокус.

Во наредните денови се очекува да се избере в.д, лидер, кој ќе управува со партијата се додека се одржи конгресот.

Поврзани новости