Телефонските броеви на францускиот претседател Емануел Макрон и члeновите на неговата влада се наоѓаат на списокот на потенцијалните цели на софтверот „Pegasus“ (Пегаз), кои некои држави го користеле за шпионирање, изјави Лорент Ришар, директор на организацијата Forbidden Stories, потврдувајќи го написот на парискиот дневен весник Le Monde.
Според истрагата којашто во неделата ја објави конзорциумот на 17 меѓународни медиуми, софтверот „Pegasus“, кој го изработила израелската групација NSO, овозможувал шпионирање на мобилните телефони на најмалку 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за човекови права и 65 челници на компании.
Шпионскиот софтвер, внесен во паметните телефони, ги следи пораките, фотографиите, контактите и дури ги прислушува разговорите на сопствениците на мобилните телефони.
Весникот Le Monde во вторникот откри информација дека броевите на мобилните телефони, меѓу кои и на поранешниот француски премиерт Едуар Филип и на 14 членови на владата, се наоѓаат на „списокот броеви кои ги избрале државните безбедносни служби на Мароко, кои го користат шпионскиот софтвер „Pegasus“, за потенцијално пиратство“.
-Ги најдовме овие броеви на телефони, но не можевме да спроведеме техничка проверка на телефонот на Емануел Макрон да видиме дали е запазен со тој софтвер, па не ни укажува дали претстедателот е навистина шпиониран – појасни директорот на Forbidden Stories на информативниот канал LCI.