Невреме во повеќе градови, Пена се излеа во Тетово

by Фокус

Невремето кое попладнево ја зафати Македонија предизвика поплави и штети во повеќе градови низ земјата. Најкритично е во тетовско, каде реката Пена се излеа. Од врнежите веќе има вода по улиците во градот.

Поројни дождови и силни грмотевици имаше и во пелагонискиот регион и штипско-кочанската област. На некои места, како во Долнени, имаше и појава на град. Граѓани известуваат дека има штети и на земјоделските површини и посеви.

Поплавени беа улици и во централните градски подрачја во Прилеп и Битола. Во Прилеп, сообраќајот беше блокиран поради водата на улиците, а оштетен беше и инвентарот на неколку кафулиња. Бидејќи градот наликуваше на Венеција, еден граѓанин реши да го употреби својот кајак.

 

Фото: Бриф

Поврзани новости