Се укинува обврската за возење со светла преку ден

by Фокус

Со новиот Предлог-закон за безбедност во сообраќајот на патиштата се предвидува укинување на обврската светлата на возилата да бидат вклучени цело време, вклучително и во текот на денот. Со Законот, всушност, се врши усогласување со европската регулатива.

„Предложениот закон предвидува поинакво решение, со кое се утврдува задолжителна употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување (ноќе), како и дење, но во случај на намалена видливост.“, стои во текстот на новиот Закон.

Освен оваа измена, со новиот закон се предвидува и дете помало од пет години да смее да се вози на задното седиште, само на специјално детско седиште, задолжително врзано со сигурносен појас. На совозачкото седиште ќе биде дозволено да се превезува бебе (дете помало од 2 години)  под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето е во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.

Поврзани новости