Распитот на кумановската група ќе продолжи неделава

by Фокус

Распитот на осомничените за случувањата во кумановската „Дива населба“, кои се во притвор во Прилеп и Битола, ќе продолжи во среда и четврток. Процесот на испрашување беше блокиран минатата недела, откако осомничените кои се притворени во Скопје одбија да дадат исказ, без претходно Обвинителството да им ги презентира доказите со кои располага.

Одбраната на осомничените очекува оваа, според нив, грешка на Обвинителството, да се поправи и на притворените да им се овозможи нивното право за увид врз доказите, по што тие би можеле да дадат исказ.

Дел од обвинетите побарале и да се констатира и нивната здравствена психофизичка состојба, па потоа да дадат исказ. Сите обвинети се товарат за тероризам и терористичка организација.

Поврзани новости