Две лица, 19-годишниот Е.О и 27 годишниот Б.А. се повредени и два објекти и возила се оштетени во вечерашното невреме во Гостивар, откако од силината на ветрот, дрво паднало врз монтажен објект, кој се користел за продажба на зеленчук и овојше, каде биле повредени двете лица.
Паднат излог од првиот кат на објектот „Мон Блан“ оштетил неколку возила на паркингот. На улицата Беличица, керамиди кои паѓале од покривите оштетиле седум возила. Во селото Мало Турчане е регистрирано оштетување на покрив од куќа и падната бандера за струја, а на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај Здуњската раскрсница паднат е семафор.
Во Мавровскиот регион од ветрот има повеќе оштетувања, поради кои има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Одрон од камења и земја го блокира патот кон селото Сенце.