Невообичаено е како пожарот почнал од предниот дел

by Fokus

Цела Македонија но и Балканот се во тага по страотната несреќа што се случи во близина на Софија, при која загинаа 45 македонски државјани.

Никола Дујовски, професор од Факултетот за безбедност во гостувањето во „Топ тема“ даде своја анализа за целата сообраќајна несреќа.

„Треба да се погледнат причините. Очекуваме од бугарските истражни органи во еден разумен рок да ги утврдат причините и одговорностите. Не смее да се брза. Се вели дека пожарот избувнал во предниот дел на автобусот. Тоа не е вообичаено и многу брзо се префрлил во остатокот од автобусот. Резервоарите во автобусот се распоредени за да се заштити целото возило“, рече Дујовски.

Поврзани новости