Милчев: Имаме проблем со проектирање на патишта!

by Fokus

Богдан Милчев од бугарскиот Институт за патна безбедност во интервју за бугарските медиуми опширно говореше за безбедноста на патиштата во Бугарија, по трагичната несреќа во која загинаа 45 државјани од Македонија и седум беа повредени.

Тој наброја неколку проблеми, кои се надева дека надлежните органи во наскоро можно време ќе ги решат, за да не се случуваат вакви катастрофи.

„Јас и моите пријатели повикавме да се формира Државна агенција за патна безбедност. Имаме проблем со проектирање на патиштата. Таму недостасуваат многу работи кои треба да се променат. Организацијата на движењето е голем проблем. Жално е што се случуваат вакви работи“, вели Милчев.

Поврзани новости