Нетанјаху за Бајден вели дека греши: Војната не им штети на интересите на Израел

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи со воената офанзива во Рафах, каде што се засолнети 1,5 милиони раселени Палестинци, пренесува Си-ен-ен.

Оваа порака на израелскиот лидер доаѓа во време кога за муслиманите почнува светиот месец Рамазан, но и кога преговорите за прекин на огнот се стопирани.

Израелските власти претходно предупредија дека доколку заложниците држени во Газа не бидат дома до почетокот на Рамазан, тие ќе започнат воена офанзива во Рафах.

Нетанјаху рече дека операцијата во јужниот град нема да трае повеќе од два месеци, но не даде конкретни детали за временкста рамка.

Тој ги негираше и тврдењата на Бајден дека тој „повредува повеќе отколку што му помага“ на Израел во неуспехот да ги ограничи цивилните жртви во Газа.

Нетанјаху вчера во интервју за „Политико“, рече дека Бајден греши ако смета дека тој води приватна политика против мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел.

Бајден рече дека потенцијалната инвазија на Рафах, како последно место на релативна безбедност во Газа е „црвена линија“ за него, но посочи и дека никогаш нема „да го напушти Израел“.

„Одбраната на Израел се уште е критична, така што нема црвена линија. Ќе го прекинам протокот на моето оружје за да ја немаат ни „Железната купола“ за да ги заштити“, рече тој.

Поврзани новости