На швајцарските Алпи петмина скијачи се пронајдени мртви, исчезнаа викендов

by Fokus

Петмина скијачи кои викендов исчезнаа на швајцарските Алпи се пронајдени мртви, потврди полицијата.

Оттаму додаваат дека се уште се трага по уште едно лице.

Операцијата за спасување била покрената во саботата откако групата исчезнала близу 3.706 метри високата планина Тет Бланш.

Скијачите тргнале од ресортот Цермат, кој се наоѓа во подножјето на славниот врв Матерхорн, со цел да одат кон Арола, долж швајцарско-италијанската граница.

„Петмина од нив се пронајдени во 21:20 часот без знаци на живот. Сите се швајцарски државјани, на возраст од 21 до 58 години“, соопшти полицијата на кантонот Валез.

На Алпите со денови имало силни ветрови, а во изминатите 24 часа и големи снежни врнежи. Имало опасност од лавини и лоша видливост.

 

Поврзани новости