Авион се расипал за време на лет од Сиднеј до Окленд – почнал да паѓа, 50 патници се повредени

by Fokus

Најмалку 50 луѓе се повредени по „инцидент“ на летот на LATAM Airlines од Сиднеј до Окленд. За време на летот се појавил технички проблем поради кој авионот ненадејно почнал да паѓа, јавуваат локалните медиуми.

Итната помош соопшти дека на лице место биле прегледани околу 50 лица, од кои едно лице е во тешка состојба, а другите се во умерена или полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава.

Авионот Боинг 787-9 Дримлајнер слета на аеродромот во Окленд на распоред во понеделникот попладне по локално време.

Поврзани новости