208
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли петдневниот договор за прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас во Газа, објави Гардијан.
Изворите на британскиот весник рекле дека Нетанјаху целосно го отфрлил договорот на првите разговори, откако милитантите извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.400 луѓе.
Разговорите продолжија откако Израел започна копнена офанзива на Појасот Газа на 27 октомври, но Нетанјаху повторно зазеде цврст став за предлозите кои вклучуваат прекини на огнот со различно времетраење во замена за одреден број заложници.
Од кабинетот на израелскиот премиер се уште не го коментираат извештајот на Гардијан.