Нетанјаху: Ако Хезболах реши да војува со Израел, тоа ќе биде погубно за Либан

by fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел.

-Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан, рече Нетанјаху за време на посетата на израелските војници на северот на земјата.

Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна, по новите судири на границата каде тензиите се високи по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври.

Хезболах го напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но ризикува да загуби многу, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Икс.

Меѓународната заедница стравува од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други стрни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас.

Поврзани новости