Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој се наоѓа во целосна изолација во Италија поради состојбата со корона вирусот, сам го прослави својот 30-ти роденден.
Тој на својот инстаграм профил рече дека не му е баш драго што се наоѓа во таква ситуација.
„Сакам да се заблагодарам на сите за многубројните пораки и слики што ги добив. Фала ви од срце. Овој роденден не го прославувам како што замислував, сам и далеку од мојата фамилија, но во овој момент како што е овој, на прво место доаѓа здравјето на сите. Има време за прослава со најблиските и пријателите кога се ова ќе заврши. Фала ви на сите и останете дома за доброто на сите“, напиша Несторовски на својот профил на Инстаграм.
Тој моментално настапува за Удинезе, но со новите случаи на корона вирус меѓу фудбалерите во Серија А, суспензија на првенството е се поизвесна.