Состојбата со корона вирус во светот

by fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 135.073 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив, починати се 4.990, а оздравеле 70.405.

Њујорк – Соработничка на постојаната мисија на Филипини во ОН се заразила со новиот корона вирус и дипломатската мисија е затворена. Сите вработени се во домашен карантин, соопштија од Светската органзиација. Тоа е прв регистриран случај на зарзен со Ковид-19 во централата на ОН во Њујорк.

Хрватска – Потврдени уште четири случаи на заболени од вирусот. Вкупно досега се регистрирани 31. Новозаразените се во Загреб и Пула.

Австрија – Борјот на инфицирани со новиот корона вирус е 428. Вкупно се направени 6.852 тестирања. Излекувани се шест лица.

Србија – Вкупно 31 заразен. Ноќеска се регистрирани седум нови случаи.

Јужна Кореја – Јужна Кореја денеска пријави повеќе излекувани пациенти од вирусот отколку нови инфекции, првпат од избувнувањето на епидемијата во јануари.  Корејскиот центар за контрола на болести објави денеска за 110 нови случаи на заразени со 177 претходно пуштени од болници пациенти

Канада – Сопругата на канадскиот премиер е позитивна на корона вирусот. Симптомите се појавиле по враќање од Лондон.

Данска – Данските власти донесоа закон за строги мерки во борбата со епидемијата. На Министерството за здравство му се дозволува да воведе вонредни мерки со цел „да се гарантира спречување зарази од опасни болести“. Законот кој моќе да остане во сила до март идната година, му дава можност на мминистерот за здравство да забрани пристап до јавни институции, супермаркети и продавници, домови за стари лица, болници и клиники и ограничување на јавниот транспорт.

Турција – Властите сопштија за втор заболен од вирусот.

Албанија – Властите ограничија движење на автомобили и на градски транспорт во големброј градови поради новиот корона вирус. Затворен е преминот Сукобин-Муричани кон Црна Гора.

Италија – Италијанската Влада планира да инвестира огромни суми пари во одделенијата за итни случаи, особено за интензивна нега и предупредува дека недостигаат 5.000 лекари и илјадници медицински сестри и друг персонал. Досега се потврдени повеќе од 12.000 случаи на инфекција, но можно е дека многу други се заразени. Луѓето на теренот во погодените региони предупредуваат дека можат да работат само неколку дена пред да се урне здравствениот систем.

САД – Американскиот претседател Доналд Трамп најави привремено откажување на митинзите за претседателската кампања.

Австралија – Министерот за внатрешни работи Питер Датон е заразен со корона вирусот. Досега се регистрирани 156 и три жртви. Експери најавуваат дека е можно во следните неколку месеци милиони Австралијци да се инфицираат од вирусот.

Габон/Гана/Кенија – Први случаи на заразени во тие држави.

Индија – Прв смртен случај од новиот корона вирус. Се работи за човек (76) кој се вратил од Саудиска Арабија.

Поврзани новости