Австралискиот министер за внатрешни работи позитивен на корона вирус

by fokus

Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон денеска изјави дека тестовите покажале дека е позитивен на корона вирус.

-Утринава се разбудив со висока температура и суво грло. Веднаш го контактирав Министерството за здравство на Квисленд и дополнително се тестирав на Ковид-19 ,наведе Дантон во соопштението што го објави неговата канцеларија, пренесоа британските медиуми.

Тој додаде дека тестот бил позитивен, но дека добро се чувствува.

Во Австралија се забележени 156 случаи на корона вирус и три жртви, но властите очекуваат нивниот број брзо да се зголемува во следните неколку недели, бидејќи на овој континент пристигнува зима.

Поврзани новости