Нешто слатко“ – словенечки филм со Сашко Коцев и Јелена Јованова со македонска премиера во април

by Fokus

Во Љубљана премиерно беше претставен филмот „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), романтична комедија со македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ во главните улоги.

Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната женска улога – Каја, а Сашко Коцев, кој најавува дека комедијата наскоро ќе има можност да ја види и македонската кино-публика, се потпишува и како копродуцент и косценарист заедно со Уршка Мајдич.

’Нешто слатко’ е романтична комедија. Тоа е филм полн со пресврти и забавни заплети. Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него…“, стои во најавата на филмот.

Поврзани новости