„Неоком“ прослави 25-годишен јубилеј

by Фокус 11:45
11:45

Компанијата „Неоком“ прослави 25-годишнина од своето постоење на домашниот ИКТ пазар. Како една од водечките ИКТ компании кај нас, „Неоком“ во своето 25-годишно работење успеа да прерасне од мала компанија во групација на компании која ги опфаќа сите аспекти во индустријата од ИКТ.

– „Неоком“ е една од ретките компании кои работат во Македонија веќе полни 25 години, со 100% македонски капитал. Таа е редок пример дека може да се успее и без надворешни инвестиции и капитал. Меѓутоа, за да се постигне тоа, потребна е јасна визија, долгогодишна стратегија за развој на компанијата и поставување на амбициозни, но сепак остварливи цели, како и посветеност кон работата и истрајност. Посебна гордост ни претставува брзото и успешно етаблирање на домашниот ИКТ пазар, каде за кратко време се позициониравме како една од водечките ИКТ компании – вели Владислав Попов, генерален директор на „Неоком“. Тој додава: „Севкупната ориентација кон потребите на корисниците, постојаните иновации и инвестиции, како во професионалниот така и во личниот развој на вработените, нè направија не само постабилна туку и успешна компанија“.

- Advertisements -

neokom

Портфолиото на групацијата „Неоком“ опфаќа широка палета на услуги какви што се системска интеграција, телекомуникациски услуги од „Неотел“, дистрибуција на ИКТ опрема преку „Рема“, развој на софтверски решенија од „НеоДата“, а од неодамна и клауд компјутинг услугите на „НеоКлоуд“. Покрај овие големи проекти и инвестиции на македонскиот пазар, целта на компанијата е постојано да расте и да се развива во сите домени на ИКТ индустријата.

– Планираме да го надополниме асортиманот на понудата со конкретни апликативни решенија. Меѓутоа, нема да застанеме тука, бидејќи планираме да направиме реинженеринг и да развиеме нови решенија кои ќе бидат во тренд со потребите на клиентите – вели Даме Цветковски, менаџер за продажба и системска интеграција. Тој додава дека „Неоком“ останува посветен на креирањето на висококвалитетни производи и услуги за своите корисници, нудејќи им целосно интегрирани системски решенија, како на домашниот така и на странските пазари.

„Неоком“ како компанија е препознатлива и преку големиот број сертификации и акредитации на својот стручен тим по највисоки стандарди на најголемите светски производители во ИКТ, како и по највисоките нивоа на партнерство со „ХП“ (Платинум партнер), „Мајкрософт“ (Голд партнер), „ВМвеар“ (Професионал ентерприс) и други. Целта е крајните корисници да добијат беспрекорен сервис и поддршка за зголемување на нивниот профит во основната дејност во која работат компаниите.

Идни цели кон кои се стреми компанијата се способноста за приспособување кон пазарните услови и развојот во сите домени на ИКТ индустријата.

neokom 1

– Нашите планови се постојано инвестирање во сè што е ново и актуелно во индустријата. Ќе го вложиме својот максимум да ја зголемиме вредноста на компанијата како основен интерес на акционерите, но најмногу од сè, ќе вложиме во отворање на нови работни места и освојување на што е можно повеќе знаење – завршува Попов.

Поврзани новости