Ахмети: Договорот за рамка на преговори е почеток кон надминување на кризата

by Фокус
Многу е важно дека сите страни се согласија за рамка за да се започне решавањето на политичката криза и овој договор е почеток на надминување на тешката состојба во земјата, рекол лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со словенечкиот амбасадор Бранко Раковец.
„Постигнатиот договор овозможува решавање на проблемите, но и враќање на приоритетната агенда на нашата земја, и тоа интегрирањето во НАТО и ЕУ преку остварување на решенија за прашања со нашите соседи и одржување на здрави меѓуетнички односи“, рекол Ахмети, соопштија од ДУИ.

Поврзани новости