Во Црно Море потона руски товарен брод, најмалку двајца удавени

by fokus

Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа. Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.

На бродот имало 13 лица, сите руски државјани. Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.

Поврзани новости