Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 53. седница на која на дневен ред се измените на Изборниот законик, во делот на избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), кои се носат по скратена постапка.
Поради немање кворум, претедателот на Собранието Талат Џафери седницата ја одложи за 15 часот. Воедно, ги повика координаторите да ги повикаат пратениците да обезбедат присуство за работен кворум.
На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата кои се изјаснија дека не се согласуваат со предложените измени бидејќи се носат без консултации и без нивна поддршка и на вчерашната седница побараа точката да биде тргната од дневниот ред.
Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик е предложен како 12. точка на дневниот ред.