788
Екипите од Одделот за антитероризам при Министерството за внатрешни работи не нашле експлозив или друго нешто сомнително во пикапот марка застава кој бил паркиран пред главниот влез на амбасадата на САД во Скопје, јави телевизија 24 Вести.
Министерството за внатрешни работи утрово официјално ја потврди пријавата за инцидентот и за 24 Вести изјавија дека возилото било тестирано и подгинато за понатамошна, подетална анализа за да се исклучи било каква опасност.
Идентитетот на сопственикот на возилото е утврден, но полицијата не открива детали, со оглед на тоа дека станува збор за лични податоци.