717
Ана Петровска, државниот секретар во Министерството за екологија, во вечерашната Топ Тема на телевизија Телма, изјави дека минатиот викенд кога од Арчелор Митал во Вардар истекле железните оксиди , кои ја обоија реката во жолто, државниот инспекторат не излегол на терен, бидејќи луѓето кои требало тоа да го направат – биле на службен пат.
-Во Понеделникот тие излегле на терен, но можноста за координирана акција во недела, да се земат примероци од реката и да се земат примероци од испустот, таа можност била пропуштена, изјави Петровска.