Македонската владина делегација се сретна и со претседателот на Кипар

by fokus

Премиерот Зоран Заев како дел од активностите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со претседателот на Кипар, Никос Анастијадес.

Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата било изразено големо задоволство за воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

-Премиерот Заев во разговорот ја нагласи исклучително позитивната и конструктивна улога што Кипар ја одигра во поддршката на процесот и решението на проблемот за името со Грција и додаде дека сега, кога оваа пречка е конечно надмината, се очекува целосна и силна поддршка од Кипар во актуелната фаза од нашиот процес за членство во ЕУ кога се очекува позитивна одлука за почеток на преговорите наредниот месец, се наведува во соопштението.

На средбата било истакнато дека Република Северна Македонија е подготвена целосно да го прифати развојот на пријателски и сеопфатни односи со Кипар во сите области од заемен интерес, особено во делот на економската соработка, зголемување на обемот на трговијата во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите и во други области.

Поврзани новости