493
Нема македонски државјани меѓу жртвите на вчерашните терористички напади во Париз, изјавија за НОВА од Македонската амбасада во Франција.
Според Габриел Атанасов, министер советник во Амбасадата, има една група млади кои вчеравечер биле во центарот на Париз за време на нападите. Засега Амбасадата не остварила директен контак со нив, но добиле посредни информации дека се неповредени и се добро.