Нема вода за пиење на Шапка и Пелистер

by fokus

Водата за пиење на туристичкиот центар Попова Шапка е микробиолошки загадена, покажаа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово. Од таму велат дека загадувањето е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово пак, кое е одговорно за оддржување на системот, не коментираат дали ќе преземат нешто за прочистување на водата,ниту пак одговорија зошто нема известување за фекалното загадување на водата.

Вода за пиење нема ниту во националниот парк Пелистер. Таму пред два-три дена на чешмите на Голема Ливада, Бегова Чешма и други локации беа истакнати написи дека водата е забранета за пиење.

Анализите на Центарот за јавно здравје на планинските води на Пелистер покажале 9 проценти хемиска и 77 проценти бактериолошка неисправност.

Инаку, во најстариот национален парк во земјава и по десет години не е дограден колекторскиот систем. Изградбата започна во 2006 година кога беше поставена колекторска мрежа од 2,5 километри, а остана да се изгради и постави прочистителна станица и да се приклучат објектите на Пелистер кон мрежата.

Поврзани новости