Почнува Школата за млади лидери на Иванов

by fokus

Четириесет и пет учесници се пријавиле на Школата за млади лидери, што е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

Од Кабинетот на претседателот информираат дека предавачи оваа година ќе бидат поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, Вајра Вике-Фрајберга и Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека во Египет, Исмаил Серагелдин, како и други професори и бизнисмени.

– Очекуваме и годинава да продолжи нагорниот тренд во развојот и функционирањето на Школата за млади лидери, која стана значаен сегмент и платформа во општественото дејствување на успешните млади луѓе во Република Македонија. Годинашните учесници ќе имаат можност да ги споделат своите искуства, да ги прошират своите контакти, а стекнатите знаења и вештини од предавањата да ги применат во нивните професионални средини и ангажмани при идните животни предизвици, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Школата ќе се одржи од 14-ти и 26-ти август во Охрид.

Поврзани новости