Ако во изминатите години првопласираниот тим добиваше 10.000 евра, годинава ќе мора да се задоволи со 1.500 евра, за второ место наместо 7.500, предвидени се 1.000 евра, додека за трето место, наместо 5.000, следуваат 500 евра. Исто така, ќе бидат доделени и признанија за вокална изведба, аранжман, дебитант и за најдобар сценски настап, во износ од 500 евра.
Трите фестивалски вечери ќе се одржат на 5, 6 и 7 октомври, и ќе слушнеме 30 нови композиции. Во првите две вечери ќе бидат изведени по 15 песни, а во финале 20, односно по десет финалисти од секоја вечер. Помеѓу учесниците се Ана Костовска, Елена Петреска, Антонија Гиговска, Боби Мојсоски и други. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски не одговори на нашите повици, со цел да дознаеме кој бил мотивот за намалувањето на наградниот фонд.