На Амди Бајрам му ја исклучиле струјата поради приклучок на диво, при што интервенирала и полиција?

by fokus 15:24
15:24

На пратеникот Амди Бајрам, во текот на вчерашниот ден, во куќата во Бутел, екипа на ЕВН во придружба на полициска екипа, му ја исклучила струјата, наводно поради приклучок на диво, односно крадење на струја, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, неодамна на Бајрам му била исклучена струјата, поради наводен неплатен долг, а вчера повторно интервенирала екипата на ЕВН, откако добиле дојава дека е приклучен на диво.

- Advertising -

За да ја провериме информацијата го побаравме пратеникот Бајрам, кој ја демантираше веста.

-Не е точно дека ми ја исклучиле струјата поради неплатен долг или дека сум крадел струја. Си имам здравствени проблеми и еве сега во моментот одам во болница, ни изјави Бајрами.

И покрај негирањето на Бајрам на случајот, „Фокус“ доби официјална потврда од надлежните институции.

Поврзани новости