Нема уапсени за пукањето во Арачиново, вели Бојмацлиев

by fokus

Напаѓачите, кои во понеделникот пукаа кон градоначалникот на Арачиново, сè уште се на слобода. Министерството за внатрешни работи нема уапсено лица што се поврзани со оваа пресметка, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во денешното гостување во „Слободен печат“.

Изјавата на Бојмацалиев доаѓа откако вчера Сител објави оти МВР има приведено две лица под сомнение за помагање на вчерашниот вооружен напад врз градоначалникот на Арачиново.

Дополнителниот заменик-министер потврдува дека МВР има уапсено лице, но оти тоа не е поврзано со нападот во Арачиново, туку се бара по меѓународна потерница и се работи за повратник од странски боишта, од Република Косово.

-Сакам да демантирам некои написи што ги читав синоќа дека имаме уапсено лица поврзани со таа пресметка. Тие лица што се уапсени, односно тоа лице не е поврзано со пукањето во Арачиново, туку при рутинска контрола што ја имаме на границата и ја вршиме од воздух и од копно. Таму е уапсено едно лице барано по меѓународна потерница, повратник од странски боишта, од Република Косово. Значи, тоа апсење не е поврзано со случајот во Арачиново, рече Бојмацалиев.
Две лица се приведени за пукањето во Арачиново, по напаѓачот сè уште се трага

Тој вели оти МВР има осомничени лица за вооружениот напад, но дека напаѓачите се сè уште на слобода.

Поврзани новости