442
Од СДСМ денеска изјавија дека се уште не се оддржала лидерска средба меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во насока на формирање на парламентарно мнозинство и влада, но, истакнаа од таму, има редовни контакти на други нивоа.
-Процесот е во тек, работиме на обезбедување на 61 пратеник и кога ќе има нови моменти во однос на ова прашање ќе ја информираме јавноста – рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Од ДУИ велат дека комуницираат и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе во рамки на партијата ќе продолжат да расправаат за аргументите „за“ и „против“ сите опции.