СДСМ: Како Груевски со плата од 1.500 евра штедел по 10.000 евра месечно?

by Фокус 19:20
19:20

 

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години се богати со злоупотреба на буџетски пари, а за тоа не реагираат окупираните институции од оваа партија, кои веднаш ќе реагираа ако имаше што било незаконско поврзано со претставниците од СДСМ, реагираат од оваа партија, откако Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред прашува како Петре Шилегов се збогатил за 200.000 евра за 2 години.

„Граѓаните очекуваат и брзо ќе добијат одговори на други клучни прашања што се поврзани со трошења нивни пари. Како поранешниот премиер Груевски успевал лично да штеди по 10.000 евра месечно, во време кога неговата плата од околу 1.500 евра му била единствен приход? Како со истата таа плата Груевски успеал да купи милионски плацеви на Водно, за што слушна цела јавност од проектот „Вистината за Македонија“ и каде се тие плацеви во неговиот анкетен лист?“, соопштија од СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости