БЕСА: Три сценарија за спас на кожата на Груевски и Ахмети

by Фокус 17:47
17:47

Од политичката партија БЕСА денеска изјавија дека постојат 3 можни сценарија, односно разврски на политичката ситуација, од кои првото и воедно, според партијата, најреално и најбезболно сценаријо, значи ДУИ да не го поддржи СДСМ за формирање на нова влада, што значи дека ќе се форсираат нови избори.

Второто можно сценарио што го изнесе Зија Реџепи од оваа партија подразбира ДУИ да му даде поддршна на СДСМ откако ќе биде прифатена албанската платформа, но претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на Зоран Заев со изговор дека се загрозува Уставот и унитарноста на државата, при што повторно резултатот е избори.

И третото сценарио што го образложи Реџепи е Заев да го добие мандатот и ДУИ и СДСМ да формираат влада, но ВМРО-ДПМНЕ да организира масовни граѓански протести, за да се прикажат социјалдемократите како предавници, а ДУИ нивни соработници, што повторно води кон избори, кои, според него, би биле катастрофални за опозицијата.

– Доколку ниедно од овие сценарија не се оствари Никола Груевски и Али Ахмети ќе завршат во затвор – рече тој.

Поврзани новости