„Нема сомнеж дека Украина ќе заврши во НАТО“, вели Столтенберг

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека порано или подоцна Украина ќе се приклучи на Алијансата, но не прецизираше кога.

„Нема сомнеж дека Украина ќе заврши во НАТО“, рече тој во интервју за медиумската куќа „Функе“.

Столтенберг истакна дека „никој не знае“ кога ќе завршат борбите во Украина.

„Повеќето војни траат подолго од очекуваното на самиот почеток. Затоа, мора да бидеме подготвени за долга војна во Украина. Сите сакаме брз мир“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Тој исто така изјави дека, според него, ако Украина престане да се бори, таа „ќе престане да постои“. И ако Русија ги прекине непријателствата, тогаш ќе има мир, смета Столтенберг.

Поврзани новости