Тешка сообраќајна несреќа кај Меџитлија, возачот загинал

by Fokus

Вчера вечерта околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот, информираа од министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани новости